Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СРЕДБА ПОМЕЃУ В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ И ДИРЕКТОРОТ НА ЦЕНТАРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ АГРОН БУЏАКУ
Untitled Document

Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески, денес, оствари средба со директорот на ЦУК, Агрон Буџаку. Тема на разговор беше проектот што ЦУК го имплементира, а тоа е единствен телефонски број за итни случаи. Тоа значи дека МВР, брза помош и територијалната против пожарна единица ќе се повикуваат од еден број – 112.   

 За таа цел ЦУК ќе формира осум регионални кол центри, од кои еден од нив ќе биде лоциран во Охрид, а главниот ќе  биде во Скопје. Улогата на општина Охрид во имплементацијата на проектот е обезбедување на просторни услови од каде ќе оперира регионалниот центар.

Предвидено е проектот да профункционира до крајот на 2020 година.

 

Прочитано:  181  пати
Објавено на: 18.01.19
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©