Во организација на општина Охрид, Сектор за туризам и ЛЕР , и оваа година
се одржува манифестацијата „Денови на мед“. Од 4 август до 7 август на
плоштадот „Крушевска Република“ посетителите ќе имаат можност повеќе да се
запознаат и да го вкусат медот како и да се информираат за останатите
пчеларски производи. Манифестацијата ќе започне во 17 часот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |