Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЌЕ СЕ ВРШИ УШТЕ ЕДНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ПРОТИВ КОМАРЦИ
Untitled Document

Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината   како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид  на 22 септември (петок) ќе спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 22 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе биде  опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до  комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, и пот текот на Грашница и Коселска Река.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита  на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1402  пати
Објавено на: 20.09.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©