Во петок на 23-ти ноември 2018 година, општина Охрид во рамки на втората компонта од проектот „Зајакнување на општинските совети” ќе ја организира првата форумска сесија од Форумот на заедници.
Во рамки на форумската сесија учество ќе земат Претставници од Советот на општина Охрид, општинската администрација, претставници на невладиниот и бизнис сектор. Се покануваат и сите заинтересирани граѓани на општината да земат учество на форумот.
Темата на Форумот на заедницата е „Социјална инклузија“, а целта на форумските сесии ќе биде да се предложат и утврдат приоритетни проекти од областа на социјалната инклузија во општина Охрид. Учесниците на формуските сесии ќе имаат можност да одредат кои се приоритетите за социо-економскиот развој на општината и кои активности може да се спроведат за подобрување на состојбата во локалната заедница.
Избраните проекти ќе бидат финансирани со средства кои ќе бидат обезбедени од УНДП и Швајцарската амбасада во Република Македонија, со вкупен буџет од CHF 50.000,00 швајцарски франци.
Првата форумска сесија ќе се одржува во Хотел „Ривиера“ со почеток во 14 часот. |