Градоначалникот Јован Стојаноски, по повод празникот Свети Сава, упати честитка до припадниците на српската заедница.
-Најискрено, во името на граѓаните на општина Охрид, упатувам искрени честитки , по повод 27-ми Јануари, националниот ден на српската заедница, денот на првиот српски архиепископ Свети Сава, еден од најзначајните верски и национални празници на српскиот народ, кој се прославува секаде каде што живеат Срби. Како нераскинлив дел на македонското општество, Вие континуирано придонесувате кон градење на соживотот и меѓусебното разбирање. Уверен сум дека така ќе биде и во иднина и Ви посакувам овој празник да го поминете во мир, семејна среќа, благосостојба и добра мисла.
Празнувањето на денот на Свети Сава за српскиот народ е непресушен извор на вера, надеж и љубов кон Бога, кон себе и кон блиските, духовна крепост и патоказ кон иднината исполнета со слобода, хуманизам, благодет и напредок.Тие се универзални вредности кои ги спојуваат н унапредуваат заедништвото, почитувањето на различностите и градењето на подобра иднина за сите - се вели во честитката на градоначалникот Јован Стојаноски до припадниците на српската заедница. |