Денес во општина Охрид престојуваше 6 члена делегација, од Сојузна Република Германија, предводена од Hans-Georg von der Marwitz , член на парламентот на Сојузна Република Германија (Бундестаг). Во состав на делегацијата беа и Friedrich-Wilhelm König, Georg Prinz zur Lippe, Frank Oschatz, Axel Metzler и Idris Feriku.
Основниот интерес на делегацијата беше да добие увид за развојот на земјоделските структури на земја која се наоѓа во транзициски процес, развојот на селскиот и агротуризмот, проблемите со кои локалната самоуправа се среќава во процесот на руралниот развој и користењето на средствата од европските фондови, како и за политичките рамковни услови во врска со пристапниот процес во ЕУ. За таа цел со поддршка на Германската амбасада организирани се состаноци со релевантите национални институции и претставници на соодветни здруженија.
На средбата присуствуваа градоначалникот Јован Стојаноски, претставници на неговиот кабинет и на Секторот за туризам и локален економски развој. Покрај краткото преставување на Охрид и неговите потенцијали, акцентот беше ставен на состојбите во руралниот развој како дел од целокупниот развој на општината и можностите за меѓусебна соработка во размена на искуства и практики како и стручна и консултативна помош во имплементација на идните развојни активности.
Посетата беше организирана со поддршка на Германската амбасада, во Република Македонија.
|