Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
„ПОТФРЛУВАЊЕ НА ТОПКАТА“ НАЈДОБАР РАСКАЗ НА КОНКУРСОТ ПО ПОВОД ВЕЧЕРИ НА ЖИВКО ЧИНГО
Untitled Document

„Потфрлување на топката“ со шифра „Горе главата“е избран за најдобар расказ по објавениот конкурс на општина Охрид, а  во рамки на одбележувањето на културната манифестација вечери на Живко Чинго.

На денешната прес конференција  тричлената комисија  во состав проф. д-р   Кристина Николоска, проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорго – Димоски   објасни зошто овој расказ е избран за најдобар во конкуренција на 50 други пријавени  раскази.

Во  расказот се чувствува иновација преку збиена преисполонета нарација која е преточена во вид на сценарио низ која строго се движи главната мисла. Расказите  ги задоволуваат  критериумите на конкурсот каде преовладуваат актуелни, политички и социјални теми- истакна проф. д-р   Кристина Николоска.

Проф .д-р Димитар Пандев посочи дека интересот за пишување раскази речиси секоја година е ист , а   потврда за тоа  е идентичниот број раскази  пријавени на конкурсот 

Определувајќи се за расказот „Потфрлување на топката“ најдовме еден збиен расказ длабоко алегоричен во кој имаме многу игри со зборови и идеи, а сепак главната идеја останува водечка. На извесен начин во оваа тема се открива клучната тема на интертекстуалноста не само во литературата туку и во животот, подвлече проф. д-р Пандев.

Доделувањето на наградата „Живко Чинго“  ќе биде врачена на традиционалната манифестација вечери на Живко Чинго на 13 август со почеток во 20 часот пред спомен обележјето на великанот во атарот на црквата Св. Петка во село Велгошти.

Прочитано:  524  пати
Објавено на: 08.08.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©