Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВЕТЕРАНИ ОД КУЛТУРНО –УМЕТНИЧКИ ДРУШТВА ОД НЕКОГАШНА ЈУГОСЛАВИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Секретарот на општина Охрид Игор Бежоски денеска прими  ветерани од културно уметнички друштва  од бившите југословенски простори кои учествуваа на фестивалот  „Разиграно оро“  што се одржува од 23 до 27 јуни во Охрид.

На средбата гостите истакнаа дека се воодушевени од гостопримството на охриѓани, а  потенцираа дека Охрид од година во година е се поуреден и поубав  туристички центар кој  е идеален склоп на модерното и  традиционално време.
Секретарот Бежоски изрази задоволство за искажаните пофални зборови и ги информира гостите за дел од проектите на актуелната локална власт што се во насока на дополнително разубавување на Охрид.

Фолклорниот фестивал разиграно оро се одржува по 14-ти пат, а за прв пат на него учествуваат ветерани од бившите југословенски републики.

Прочитано:  607  пати
Објавено на: 26.06.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©