Вечерва во 20 часот започнува Манифестацијата Ohrid craft expo.
Манифестацијата „Ohrid craft expo“- 17 до 19 август 2017 година ги вклучува елементите на промовирање на занаетчиството и занаетчиите, односно нивните производи и услуги.
Приближувањето кон младите луѓе и граѓаните , поттикнувањето континуирана кампања за промоција на занаетчиството како фактор за економски развој за зачувување на традицијата и културата на нашата земја, како и можност за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните кои се занимаваат со занаетчиска дејност е целта на одржувањето на оваа манифестација.
Извор: www.ohrid.gov.mk |