Деновиве започнаа градежните активности за реконструкција на патот Косел - Вапила во должина од 2километри и 200метри. Се поставува асфалт со дебелина од 6 сантиметри, а на почетокот на трасата кај селото Косел ќе бидат изградени и тротоари со цел побезбедно минување на пешаците.
Изведувач на градежните активности е АД „Илинден“ од Струга. Проектот е вреден 120 000 евра, пари што општина Охрид ги обезбеди во соработка со Светска Банка и Фондовите од Европската Унија.
Градежните активности за реконструкција на овој патен правец се очекува да завршат пред почетокот на летната туристичка сезона.