Еден од најстарите приватни електронски медиуми во државата, „Супер Радио“ од Охрид денес го прославува 25-тиот роденден. По тој повод, Градоначалникот Јован Стојаноски упати честитки до редакцијата: 7-ми ноември е голем празник на Охрид. На овој ден е добиена слободата, најсветото нешто воживотот на луѓето. Охрид од тој ден почнува да се развива во оној правец во кој што го имаме и денес, еден убав, светски позанат град. Ви посакуваме уште многу години успешна работа.
Градоначалникот Стојаноски, заедно со Секретарот на Општина Охрид Игор Бежоски денес беше во кратка посета на „Супер Радио“.
|