Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески, денес, ги посети учесниците на спортските училишни лиги, што се играат во балон салата кај ОУ „Григор Прличев“.
Гледајќи ве човек, весели и ведри, подготвени за натпреварување, му се полни душата, му се буди надежта дека ваквите настани придонесуваат во развивањето на спортскиот и здрав дух. Затоа во мое име сакам, на сите учесници, организатори, наставници и професори да Ви посакам успешен почеток на пролетниот дел од спортските училишни игри, истакна в.д. градоначалникот Георгиески.
Пролетниот дел на училишните спортски лиги за основни и средни училишта започна во петокот. Спортските лиги започнаа со натпреварите во футсал, а се играат во балон салата „Климент Колески“ од 09 до 12 часот.
Организатор на училишните спортски лиги е Сојуз на училишен спорт Охрид, а се реализираат под покровителство на општина Охрид.
|