Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА ОХРИД ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ТУРЦИЈА
Untitled Document

Заменик градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски и Илкер Мусстафа од Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид се во работна посета на Турција. Тие денес беа на работниот состанок на Управниот одбор на Светската  унија на  турски  општини во градот  Тузџе.

На состанокот беше дадено “зелено светло“ на барањето кое општина Охрид го поднесе во месец април годинава за добивање противпожарно возило кое ќе биде наменето за потребите на Територијалната противпожарна единица од Охрид.  Градоначалникот Јован Стојаноски е член на управниот одбор на  Светската унијата на турски  општини  која брои 1063 членки од 23 земји од Светот.

Делегацијата од Охрид утре ќе присуствува на свеченостите кои ќе се организираат по повод денот на градот Јелова.

Повеќе информации на следниов линк..

Прочитано:  615  пати
Објавено на: 18.07.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©