Градоначалникот Јован Стојаноски, денес на прес конференција ја појасни позицијата на локалната самоуправа во однос на Одлуката за ограничување на паркирањето, што утре е на дневен ред на 11 Седница на Советот на Општина Охрид.
- И двете одлуки за зонското паркирање и цената на паркирањето се во насока на подобрување на сообраќајот во градот и поефикасно регулирање на паркирањето. Нема да има наплата на паркинг на булеварот “Туристичка“ и улицата “Јане Сандански“, со оглед дека и сега не постојат услови за наплата, а кои потсетувам со Одлука на претходната локална власт беа предвидени како паркинг зони. Наплатата на паркинг на овие улици очекуваме да започне од септември. Основна наша интенција е да го модернизираме начинот на наплата за паркинг простор и да се обидеме да ја дестимулираме не секогаш оправданата употребата на моторни возила на нашите сограѓани – истакна градоначалникот Стојаноски.
Потенцирано беше од страна на градоначалникот Стојаноски дека цените во трите зони на паркирање се пониски во однос на претходниот период, а што е уште поважно целиот проект е со далеку пониска цена во однос на она што го предлагаше претходната локална власт. Стојаноски уште истакна дека утрешната седница на Советот на Општина Охрид, ќе ја потврди исправната заложба на локалната самоуправа за овој проект. |