Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ИЗДАВАЊЕ НА ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА БР.21 – 898 ОД 18.05.2018
Untitled Document

Согласно член 126 од  „Законот за животна средина“ (Сл.весникна РМ бр.53/05,  81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129, 15 и 39/16 )  Градоначалникот на Општина Охрид за  Градежно друштво ГРАНИТ АД Скопје за инсталацијата Стационарна бетонска база с. Косел Охрид–Општина Охрид издаде Б-Интегрирана еколошка дозвола  бр.21 – 898 од 18.05.2018 г.

Носител на дозволата  :
Градежно друштво ГРАНИТ АД Скопје  Стационарна бетонска база с. Косел-Охрид, Општина Охрид

Адреса на седиштето :
Седиште на компанијата, ул.“Димитрие Чуповски“ бр.8 ,Скопје
Локација на инсталацијата, с. Косел-Охрид, Општина Охрид

Координати на локацијата:
4558096,23м север
486876,10м исток

Контакт лице :
Боро Белкоќески-извршител на бетонска база ,  претставник за животна средина

Категорија на инсталацијата :
Прилог 2, Точка 3, Индустрија на минерали; Точка 3.3 Стационарни бетонски бази со вкупен капацитет на силосите за цемент поголем од 50м3 од „Уредбата за интегрирано спречување и контрола на загадувањето“ (Сл.Весник на РМ бр.80/09 и 36/12).

Вид на активност:
Стационарни бетонски бази со вкупен капацитет на силосите за цемент поголем од 50м3.

Дозволата во печатена форма ќе биде достапна во просториите на општина Охрид, Сектор за  животната средина и управување со отпад , Одделение за заштита и влијание врз животната средина.

Прочитано:  1672  пати
Објавено на: 28.05.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©