Убаво украсени велигденски јајца, многу декорации во духот на најголемиот христијански празник Велигден се изложени на традиционалниот велигденски базар што утрово беше отворен на плоштадот Чинар во охридската чаршија.
Вредните раце на учениците од сите основни и средни училишта во градов изработија привлечни велигденски украси допадливи за бројните посетители од земјава и странство.
На базарот беа изложени солени и слатки јадења подготвени од учениците од
ОУТУ „Ванчо Питошески“, а собраните средства од продажбата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
Пријатната атмосфера кај охридскиот чинар беше надополнета со музичко сценски настап на најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“.
Велигденскиот базар ќе биде отворен и во текот на утрешниот ден.
|