Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
РАСПИШАНИ КОНКУРСИТЕ ЗА НАГРАДА И ПОВЕЛБA - ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
Untitled Document

Градоначалникот Јован Стојаноски и Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување на награди и признанија при Советот на општина Охрид ги распишаа Конкурсите за наградата и повелбите - Патрон на градот„Св. Климент Охридски“  за 2017 година.


Врз основа на член 16 и член 18 од Одлуката за доделување на општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, градоначалникот на Општина Охрид распишува:

К  О  Н  К  У  Р  С
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ  ОПШТИНСКА НАГРАДА  -
 ПАТРОН НА ГРАДОТ  „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

По повод 8-ми Декември - „Св.Климент Охридски“, градоначалникот на Општина Охрид  распишува  Конкурс за  доделување општинска  награда - Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ за 2017 година.

Наградата,  се  доделува за животно  дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и светот.

 Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.

Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања и придонес станува збор. Исто така, кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа за која се конкурира.

Наградата Патрон на градот  „Св. Климент Охридски“се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.       

Конкурсот трае до 30 - ти ноември 2017 година.

Пријавите кои ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.

 Пријавите да се доставуваат на адреса:    ул. „ Димитар Влахов“ бр.57, за градоначалник на Општина Охрид (со назнака: ЗА КОНКУРС ОПШТИНСКА НАГРАДА - ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“).                                                                

Градоначалник,
Д-р Јован Стојаноски


Врз основа на член 18 од Одлуката за доделување на општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, Комисијата за одбележување  празници и манифестации и доделување награди и признанија, распишува:

К  О  Н  К  У  Р  С
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ   ПОВЕЛБА –
ПАТРОН НА ГРАДОТ  „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

По повод 8-ми Декември - „Св.Климент Охридски“, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија  распишува Конкурс за  доделување Повелба - Патрон на градот„Св.Климент Охридски“за 2017 година.

Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во развојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во  Република Македонија и во светот, во период од една година.

Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.

Во пријавата треба да се достави: кратка биографија и образложение за какви остварувања  се конкурира и најмалку барем една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира.

Повелбата може да се додели максимум на пет добитници.

Конкурсот трае до 30-ти ноември 2017 година.

Пријавите коишто ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.
Пријавите да се достават во затворен плик на адреса: Ул.„Димитар Влахов“ бр.57, Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија (со назнака „ЗА КОНКУРСОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ„СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“)

Комисија за одбележување празници и
манифестации и доделување награди и признанија
Претседател, Елеонора Куноска

Прочитано:  1603  пати
Објавено на: 15.11.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©