На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, попладнево пристигна првиот лет на компанијата „Визер“ од новата авионска линија од Охрид кон Виена и обратно.
Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, како и градоначалникот на Струга, Рамис Мерко и директорите на агенцијата за туризам и ТАВ, Љупчо Јанески и Алп Ер Тунга Ерсој беа дел од свечениот пречек на патниците.
Оваа авионска линија ќе биде трет редовен лет што ќе оперира од охридскиот аеродром.
|