Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛА БАКРАЧЕСКИ ИМАШЕ СРЕДБА СО ТРЕНЕРИТЕ НА ЛЕТНИОТ КАМП НА ФК „ БАРСЕЛОНА“
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески денеска ги прими тренерите на летната школа на фудбалскиот клуб „Барселона“ која од вчера до 27. август, ќе се одвива на терените на СРЦ „Билјанини извори“ .

На средбата, тренерите на ФК „ Барселона“ рекоа дека имаат одлични услови за работа и според првите контакти сметаат дека има многу талентирани учесници на кои ќе им ги пренесат искуствата на нивната фудбалска школа. Градоначалникот Бакрачески рече дека е задоволен што се реализира овој проект на Локалната самоуправа, кој  не само што ќе придонесе за развој на спортот, туку преку брендот на ФК „ Барселона“, Охрид ќе се промовира ширум светот.


Заеднички беше констатирано дека за следната година, ќе се искористат искуствата и дека покрај од Македонија ќе има учесници и од соседните земји.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1395  пати
Објавено на: 22.08.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©