Во понеделник на 19.02.2018 година, во 15 часот во просториите на
општина Охрид, ќе се одржи работен состанок за разгледување на
предлог- одлуката за утврдување на висината на надоместокот за поставување
урбана опрема во општина Охрид за 2018 година.
Општина Охрид е и ќе биде транспарентна и отворена за соработка и носење
на заеднички одлуки.Непосредното учество и заедничките напори овозможуваат
создавање на визија која ќе се идентификува со широк спектар на активности и
ќе иницира создавање на здрава основа врз која ќе се планираат понатамошните
активности, а сето тоа ќе допринесе за квалитетен туристички производ и
зголемен број на гости и задоволни посетители.
|