Градоначалникот Јован Стојаноски го проследи концертот на светски
познатите уметници од Русија, Артем Науменко- флејта и
Александар Синчук- пијано што синоќа се одржа во катедралната црква Св.
Софија во Охрид.
Организатор на настанот беше фестивалот Охридско Лето и истиот има
хуманитарен карактер . Собраните средства ќе бидат наменети за охриѓанката
Сара Настеска која веќе замина на лекување во Германија.
|