Во рамки на предвидените посети на ученици од охридските основни училишта, денес во посета на Општина Охрид беа четвртоодделенците од ОУ „Григор Прличев“.Во големата општинска сала нив ги пречекаа градоначалникот Јован Стојаноски и секретарот Игор Бежоски. Младите охриѓанчиња се запознаа со работата и функционирањето на локалната власт , а беа и во кабинетот на градоначалникот и останатите служби на општинската администрација.
Учениците од ОУ „Григор Прличев“ фотографиите од денешната посета на општината може да ги погледнат со кликање тука [174 MB rar.]. |