Точно на пладне, од Св. Наум, 22- ца натпреварувачи го започнаа
препливувањето на 30 километарската патека – „Климе Савин“.Градоначалникот
Никола Бакрачески на сите натпреварувачи им посака успех и мирна вода, по
што го означи стартот на 31. издание на Охридскиот пливачки маратон.
Пред самиот почеток на трката, насобраната публика со аплауз ги
мотивираше пливачите. Се очекува околу 17 часот на градското пристаниште да
пристигнат и првите маратонци.
Извор: www.ohrid.gov.mk |