Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ ПРЕЗАКАЖУВА СОБИРОТ НА ГРАЃАНИ ВО УЗ „ДАМЕ ГРУЕВ“
Untitled Document

Врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа, член 106 од Статутот на општина Охрид, Одлуката на Советот на општина Охрид за определување граници на урбаните заедницина на територија на општина Охрид и Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ.

            На Собирот ќе се врши избор на членови на Совет на Урбана
заедница.

            -Собирот се презакажува за ден 13.04.2018 година  со почеток во 18,00 часот. За Урбаната Заедница -6 “Даме Груев”,Собирот ќе се одржи во зградата на општина Охрид сала 1.

Урбаната Заедница -6 “Даме Груев” го завзема средишниот дел од градската територија и се граничи со: од Исток ул. “Јане Сандански”, од Запад ул. “7-ми Ноември”, од Север “1 Градски Ринг” и од Југ булевар “Туристичка”.

УЛИЦИ:ул. булевар “Туристчка” – десна страна од бр.18 (семафори кај “Мини Маркет”) до семафори кај “Охридска банка” пресек со ул 7-ми Ноември ( зграда Кифла), ул. “7 Ноември” – десна страна од пресек со  билевар “Туристичка” (зграда Кифла) до  бр,196 десна страна пресек со нова ул. “Прв градски ринг” , ул. “Марко Нестороски” – од почеток до пресек со ново проектирана ул. “Прв градски ринг” бр.31 лева страна и бр 68 десна страна, “Јане Сандански” – лева страна од бр.49 - ( “Мини Маркет”) до бр. 187 -пресек со нова ул. “Прв градски ринг” ,ул. “Даме Груев” – од пресек со ул. булевар “Туристичка” бр.114 до бр. 236 и бр.89 до 267 ( пресек со нова ул. “Прв градски ринг”),ул. “Караорман” – од пресек со  булевар “Туристичка” бр.3 до крај и 2 до крај, ул. “Богомилска”.

 

  • Врз основа на Статутот на општина Охрид,

        Член 105
Советот на облиците на месната самоуправа е составен од 3 (три) до 7 (седум) членови.
Мандатот на членовите на советот на месната самоуправа трае
4 (четири) години.
Член 107
Предлагање и утврдување кандидати за членови на советот на облиците на месната самоуправа се врши на собир на граѓани, доколку присуствуваат најмалку 3% од граѓаните, жители на  месната самоуправа, кои имаат право на глас.
За утврдени се сметаат кандидати кои добиле мнозинство, односно најголем број на гласови од присутните граѓани на собирот.
Член 109
За избрани членови на советот на облиците на месната самоуправа се сметаат кандидатите кои добиле мнозинство односно најголем број на гласови од избирачите кои гласале.

 

  • Врз основа на Правилата за работа на облиците на месната самоуправа:

         Член 17
Собирот на граѓани ( во понатамошниот текст: собир) го сочинуваат сите полнолетни граѓани со живеалиште на подрачјето на обликот на месната самоуправа.
Собирот се свикува со писмено известување, преку дневниот печат, преку електронски медиуми или на друг погоден начин.
      Член 29
Предлог за кандидат за член на Советот може да поднесе секој полнолетен присутен член на собирот.

 

Предлозите за кандидат се даваат поединачно и секој има право да предложи само еден кандидат.
Секој предложен кандидат дава согласност за прифаќање на кандидатурата.

Член 30
За утврден кандидат се смета кандидатот кој добил мнозинство на гласови од присутните полнолетни граѓани на собирот, жители на облиците на месната самоуправа.

          Член 31
На Собирот на граѓаните може да се предложат, односно утврдат најмногу два пати повеќе кандидати од вкупниот број на членови на Советот.

Прочитано:  1390  пати
Објавено на: 10.04.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©