На светатата архиерејска василева литургија, што по повод одбележувањето на Рождеството Христово Божиќ , утрово се одржа во црквата „Св.Георги“ во Горна влашка маала, присуствуваше и вршителот на должноста градоначалник на општина Охрид Константин Георгиески. На литургијата, со која чиноначалствуваше Митрополитот на Дебарско- кичевската епархија г. Тимотеј, во присуство на бројни верници , беа упатени Божиќни пораки во духот на големиот празник на Христовото раѓање.
Утре, на 8-ми јануари, втор ден Божиќ, Собор на Пресвета Богородица, света архиерејска златоустова литургија ќе има во црквата „Света Богородица“-Челница со почеток во 08:45 часот. Света литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:30 часот.
|