Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше работна средба со заменикот на директорот на Управата за јавни приходи Фарук Омери и раководителот на даночното одделение во Охрид Елизабета Русеска. На средбата се разговараше за координирање на активностите на општинските и инспекциските служби на Управата за јавни приходи во текот на главната туристичка сезона.
|