Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ПО ПОВОД НЕНАДЕЈНАТА СМРТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈОВАН СТОЈАНОСКИ
Untitled Document

По повод ненадејната смрт на градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, Советот на Општина Охрид, денес одржа вонредна седница. Седницата започна со едноминутно молчење, а советниците донесоа одлука, утрешниот ден да биде ден на жалост на подрачјето на Општина Охрид.

Сите културни, спортски, забавни и други настани и манифестации закажани за 17.12 2018 година (понеделник) се отакажуваат.

Утре со почеток во 10 часот во големата сала на општинската зграда ќе одржи Комеморативна седница, а посмртните останки на градоначалникот проф. д-р Јован Стојаноски ќе бидат изложени од 12 -14 часот во капелата на градските гробишта.

Прочитано:  592  пати
Објавено на: 16.12.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©