Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ПАТЕКАТА ОД СААТ КУЛАТА ДО СТАРОТО УЧИЛИШТЕ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
Untitled Document

Во рамките на проектот за подобрување на патната инфраструктура во Југозападниот плански регион финансиран од Министерството за локална самоуправа, денеска започна изградбата на патеката од саат кулата до  старото училиште „ Св. Климент Охридски“ . Патеката ќе има два крака во должина од 250 и 275 метри , а за изградбата ќе бидат вложени 3 милиони денари.

-Како градоначалник изразувам благодарноста до Министерството за локална самоуправа прво заради тоа што е зголемен буџетот за рамномерен регионален развој, а воедно да изразам благодарност и до Центарот за развој на југозападниот регион за извонредната соработка и за препознавањето на идеите на Локалната самоуправа. Таа соработка ќе продолжи и понатака и сметам дека овој проект за пешачката патека од саат кулата  до старото училиште „ Св.Климент Охридски“ ќе придонесеме за подобра комунална инфраструктура и се разбира за подобрување на туристичката понуда на нашиот град. Тоа една патека која што граѓаните долги години ја користеа и после толку години ја ставаме во права функција онака како што треба да изгледа уредена со природни материјали и правилно осветлена. На таков начин овај дел од стариот дел на градот ќе изгледа и поубаво и поатрактивно и за мештаните, а и за гостите во нашиот град- рече градоначалникот  Јован стојаноски.

-Пешачката патека од саат кулата до старото училиште „ Св. Климент Охридски“  е дел од проектот за изведба на патна инфраструктура  во Југо западниот плански регион. Ова е само еден дел, во рамки на истиот проект чија што вредност  е 11 милиони и 500 илјади денари. Од нив 3 милиони се одвоени за изградба на оваа пешачка патека, која се состои од два краци, од кои едниот е 250 , а другиот 275 метри.   Ќе се постави и улично осветлување со 24 метарски канделабри на растојание од 15 метри. Сметаме дека со овој проект ќе постигнеме туристичка атракција за движење на туристите и на охриѓани. Истоверемно проектот е во насока на заштита на животната средина, бидејќи овој тип на патеки промовираат движење  и не користење на моторни возила кој што го загадуваат воздухот - рече  Мирјана Лозаноска, раководител на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

Претставничката на Центарот за регионален развој при Министерството за локална самоуправа Јасмина Хот, рече дека за оваа година за Југозападниот плански регион се одобрени 25 милион денари, од кои покрај за овој проект  средства има за реконструкција на две детски градинки, едно училиште и еден јавен објект. 

Прочитано:  1080  пати
Објавено на: 16.08.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©