Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОСКИ НА СРЕДБА СО ЖИТЕЛИТЕ НА ВЕЛГОШТИ И ЛЕСКОЕЦ
Untitled Document

Градоначалникот Јован Стојаноски и дел од неговите соработници, синоќа имаа средби со граѓаните од Месните заедници Велгошти и Лескоец. На средбите, кои се дел од однапред утврдената програма за посета на сите урбани и месни заедници на територијата на општина Охрид, се разговараше за динамиката на реализирањето, пред се на комуналните проекти.

Жителите на селото Велгошти побараа подобрување на водоснабдувањето, асфалтирање на улици и изградба на потпорни зидови, регулирање на речните корита, дивите депонии и проширување на мрежата за улично осветлување, а инсистираа што поскоро да се се уреди патот до црквата Свети Никола и месните гробишта. Заеднички беше констатирано дека во иднина ќе има почести средби меѓу месната заедница и Локалната самоуправа на кои ќе се договараат приоритетите.

На средбата со жителите на селото Лескоец, градоначалникот Јован Стојаноски најави дека со донесувањето на Деталниот урбанистички план за оваа населба, многу поефикасно ќе се решаваат комуналните проблеми.Планот, според стручните служби на Локалната самоуправа, до крајот на оваа година ќе биде до фаза на јавна презентација, а потоа согласно законските одредби и рокови ќе следи негово донесување.Во расправата беше посочено дека треба да се средат проблемите со водоснабдувањето, канализационата мрежа, безбедноста во сообраќајот, отворање на детска градинка, завршување на работите на спортското игралиште и уште неколку комунални проблеми.

Прочитано:  1426  пати
Објавено на: 06.03.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©