Утринава дежурните екипи на Ј.П. "Охридски Комуналец" забележаа повторно
оштетување на садниците на патеката од мостот до "Горица". Овај пат
непознати сторители извршиле оштетување на 8 од новите садници кои се од
сортата "Каталпа", со корнење и кршење на истите од непознати
причини. Претпријатието го осудува овој вандалски чин со кој е нанесена
материјална штета, но и нагрдување на јавните зелени урбани површини и
апелира до граѓаните да не ги оштетуваат зелените јавни површини, односно
садниците во парковите и дрворедите, цветните фигури и цветните расади
коишто ги красат парковите и зелените површини, како и да не ја уништуваат
урбаната опрема низ парковите.
Повеќе...
Извор: www.ohrid.gov.mk |