Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА ВО ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, денеска успешно ја реализира општинската сообраќајно воспитна манифестација „Детски семафор 2017“. Севкупен победник е екипата од основното училиште „Кочо Рацин“ од Охрид кои, ќе бидат учесници и на Регионалното натпреварување „Детски семафор“ што овој месец ќе се одржи во Кичево. Најдобри резултати во женска и машка конкуренција постигнаа Снеже Змејкоска од основното училиште „ Св.Климент Охридски“ и Владимир Јованоски од основното училиште „Кочо Рацин“. Тие се добитници на наградата велосипед. За освоено второ и трето место, награда велосипедска кацига, добија Анастасија Вељјаноска од основното училиште „Христо Узунов“ и Кристина Србиноска од основното училиште „Св.Климент Охридски“ како и Никола Каланоски   од основното училиште „Христо Узунов“ и Мартин Димитриески од основното училиште „Кочо Рацин“.

Во рамките на манифестацијата „Детскиот семафор“, учениците од основните училишта од општинава, имаа теоретски дел односно електронско полагање сообраќајни тестови и практичен дел- вешто возење на велосипед. На сообраќајните тестови, учениците покажаа високо познавање на сообраќајните правила и прописи и одлични резултати во познавањето на сообраќајните знаци и при вештото управување со велосипед.

Беспрекорно реализираниот „Детски семафор“ е резултата на одличната соработка што Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот ја има со локалната самоуправа која ги обезбеди наградите како и со Секторот за внатрешни работи во Охрид кој ја даде останатата логистичка и материјално техничка помош.
Целта на општинската сообраќајно-воспитна манифестација "Детски семафор" е  едукација и издигнување на сообраќајно-техничката култура кај младите, јакнење на нивната свест за одговорно учество во сообраќајот, целосно запознавање со сообраќајните правила и прописи и нивно почитување, што воедно ќе значи и подобрување на личната и на безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид
П р е т с е д а т е л
м-р Стефан   Димоски

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1411  пати
Објавено на: 06.05.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©