Во текот на изминатиот ден, МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид спроведе успешна
активност со цел навремено, поквалитетно и безбедно водоснабдување, како и
за избегнување на потешки дефекти во претстојната сезона.
Имено , екипите на МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид извршија измивање на
резервоарите „Кале“ и „Студенчишта“ и измивање на сите водоводни линии на
град Охрид и оклоните населени места чии водоводи се под надлежност на
МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид.
Покрај ова беа санирани и заменети голем број вентили од поголеми профили
и тоа:
Санација на вентили на ул.Бул.Туристичка ф200мм и ф250мм, ул.15-ти
Корпус ф 150мм, ул.Стив Наумов ф 125мм, ул.Димитар Влахов ф 250мм, нас.Рача
ф 200мм, нас.Варош ф 200мм, нас.Исток ф 200мм, ул.Мак.Просветители ф
80мм и ф 200мм, ул.Крали Марко и Абас Емин ф 300мм.
Се изврши и монтирање на нови вентили на ул.Бул.Туристичка ф 200мм, Градски
Пазар ф ф100мм, ул.Железинчка и ул.Абас Емин ф 200мм, Нас.Исток ф 80мм.
Прекинот на водоснабдувањето беше искористен и за спроведување на тековни
активности како промени и санации на вентили и водомерни броила на
индивидуални потрошувачи и правни лица ,како и санација на водоводни линии
во непристапни терени кои екипите навремено ги санираа.
Воедно упатуваме благодарност до Противпожарната Единица Охрид за укажаната
помош и ассистенција при измивањето на резервоарите.
Извор: www.ohrid.gov.mk |