Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ ЧИСТЕШЕ ЕЗЕРСКОТО ДНО
Untitled Document

Нуркачкиот клуб „Амфора“ од Охрид, денеска, спроведе акција за чистење на дното на Охридското езеро“ кај старото пристаниште. Акцијата е поддржана и целосно е финансирана од страна на општина Охрид во рамки на програмата за финансирање на проекти од јавен интерес.

Од дното беше изваден најразличен отпад, како автомобилски гуми, пластични шишиња најлонски кеси и друг цврст отпад. Од клубот информираа дека најмногу отпад има на крајбрежните делови, а додека во подлабоките делови состојбата е подобра.

Акцијата за чистење на езерското дно редовно се спроведува во изминатите 20 години.

Фотографија : www.ohridnews.com

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1391  пати
Објавено на: 23.09.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©