Холандскиот авиопревозник „Corendon“, од ова лето, ќе воведе сезонска
авио линија од Охрид до градот Мастрихт, Југо-источна Холандија. Летовите
ќе започнат да се реализираат од 6 јули. Оваа авиокомпанија веќе има
воспоставено сезонски лет од Охрид до Амстердам. Двете линии се наменети за
холандскиот туристички пазар, а билетите ќе се продаваат како дел од
туристичките пакети.
Се очекува, уште неколку авиооператори меѓу кои „Brussels Airlines“,
„Nordica“ и „TUIfly“да ги објават новите летови до Охрид што ќе се
реализираат од ова лето.
Извор: Еx-Yu aviation news
|