Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА ИЛИНДЕНЦИТЕ ВО ВЕЛГОШТИ
Untitled Document

Делегација на општина Охрид составена од градоначалникот Никола Бакрачески, претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска и секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, вечерва во очи на големиот државен и христијански празник, Илинден, положи свежо цвеќе пред споменикот на Илинденците во Велгошти.

Пред присутните се обрати градоначалникот Бакрачески, кој го потенцираше значењето на овој ден.

Денес, во предвечерието на најголемиот и најсветлиот македонски празник, Илинден, ми претставува особена чест и пријатно задоволство, да присуствувам во историското и слободарско Велгошти. Истовремено, не можам да не го истакнам чувството на неизвеснот од актуелниот политички миг и можното историско премрежје, кое можеби ќе го минуваме во иднина. Но она што никако не е и не може да биде спорно е дека токму овде е формирана првата востаничка чета, како зачеток на макотрпната борба за слобода која денес ја уживаме, рече градоначалникот Бакрачески.

Традиционално на овој ден во Велгошти политички партии, здруженија на граѓани како и поединци се поклонуваат и положуваат свежо цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците, а вечерта е збогатена со културно – уметничка програма.

 

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1380  пати
Објавено на: 01.08.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©