Покрај тековните активности во градот, Ј.П. "Охридски Комуналец" овие
денови своите активности ги прошири и во околните населени места. Се
расчистува отпадот, се косат тревнати јавни површини покрај улиците и
тротоарите и се сечат грмушките и капините, поради зголемена прегледност за
возилата и слободно движење на пешаците. Со оваа акција се опфати с.
"Велгошти", каде што се работеше 2 дена, денес екипите се во с. "Лескоец", а
во текот на утрешниот ден се продолжува во с. "Косел". Со акцијата ќе се
продолжи во сабота во с. "Пештани", а во текот на наредната недела ке бидат
опфатени с. "горно и долно Лакочереј", с. "Подмоље" и другите околни места.
Повеќе...
Извор: www.ohrid.gov.mk |