Денес дел од екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец”, покрај тековните активности, беа ангажирани на ул. “Дејан Војвода”, каде се косеше тревата покрај патот и темелно се метеше и чистеше. Со овие активности, и покрај празникот, екипите ќе бидат на терен и во наредните 3 дена ќе продолжат на улиците “Стив Наумов”, “8ми Март”, “Крали Марко”, “Абаз Емин”, “Охридска Бригада” и “Бекир Алириза”. Други екипи, согласно одлука на совет на Општина Охрид за одржување на манифестации на јавна површина, имаа обврска за одржување на хигиената пред, за време и после завршувањето на фестивалот “Охридски Трубадури”
Повеќе...
Извор: www.ohrid.gov.mk |