Со задоволство ја информираме јавноста дека за прв пат во спортската историја на град Охрид ќе имаме чест да бидеме домаќини на Кампот на школата за фудбал на Фудбалскиот клуб Барселона.
Помогнати од општина Охрид, во духот на спортската афирмација на градот, со особено задоволство најавуваме дека Кампот ќе се одржува во периодот од 21 до 27 август на фудбалските терени на СРЦ Билјанини Извори. Активностите за време на одржување на Кампот ќе бидат под спортската палка на врвни фудбалски тренери од Фудбалската школа на ФК Барселона.
Школата на Барселона е отворена за деца од 6- 16 години, кои ќе бидат поделени во две групи - од 6 - 10 год. и од 10 - 16 години, а тренинзите ќе се одржуваат два пати на ден.
Пријавувањето трае до 10.08.2017 год., сите заинтересирани можат да се пријават на mail : fcbescolaohrid@gmail.com
Извор: www.ohrid.gov.mk |