ПОТОНАТИОТ БРОД “МИС СТОН“ ИЗВЛЕЧЕН ОД КАНАЛОТ СТУДЕНЧИШТА
Untitled Document
Денес се надмина инцидентот со бродот “Мис Стон“, кој делумно беше потонат во каналот Студенчишта и од кој беше излеана мала количина нафта,. Со помош на брод од Хидробиолошкиот завод и дигалка бродот беше исправен и прицврстен во близина на хангарот од Хидробиолошкиот завод. Се очекува во наредните денови бродот да се дислоцира од каналот. Во целиот зафат учествуваше и екипа на ЈП “Нискоградба“, која со пумпи претходно ја отстрани водата од внатрешноста на бродот.
Во текот на вчерашниот ден, екипа од Капетанијата и пристаништа од Охрид, со специјални абразивни средства, успеја да ја неутрализира најголемата количина излеана нафта.