Советот на општина Охрид на денешната седница ги прифати предложените одлуки за давање согласност на Одлуката за усвојување на планот за поделба на МЈП „Проаква“-Струга со издвојување со основање на нови друштва, за давање согласност на Одлуката за отпочнување постапка за статусна промена на МЈП „Проаква“-Струга, Р.Е. „Водовод“-Охрид, за изменување и дополнување на буџетот на Општина Охрид за 2018 година, за одобрување на паричен придонес за кофинансирање за склучување на договор со избран понудувач за имплементација на потпроект „ Набавка на специјални комунални возила за општина Охрид“ и за за прифаќање донација на спортска веслачка опрема и веслачки реквизити.
Од областа на образованието беа прифатени годишните извештаи за работа и материјално- финансиско работење за учебната 2017/2018 година и годишните програми за работа во учебната 2018/2019 година на ОУ „ Христо Узунов“ , ОУ „ Григор Прличев“ , ОУ „Св. Климент Охридски“ , ОУ „ Братство- Единство“ , ОУ „ Кочо Рацин“ , ОУ „ Ванчо Николески“- с. Лескоец, ОУ „ Живко Чинго“- с. Велгошти, ОУ „ Св. Наум Охридски“- с. Пештани, ОМУ „ Методи Патче“ , ОСУ „ Св. Климент Охридски“ , СОСУ „ Св. Кирил и Методиј“ , ОЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“ , ОУТУ „ Ванчо Питошески“ , Јавната општинска установа за деца- детска градинка „ Јасна Ристеска“ и годишната програма за работа на ОЈУ „ Кузман Шапкарев“ .
Беа прифатени и одлуките за давање под закуп на недвижни ствари во општинска сопственост, за именување член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Градски гробишта“ ,за именување член на управниот одбор на ЈП „Билјанини извори“ , за разрешување и именување членови на училишниот одбор на ОСУ „Св. Климент Охридски“ , за именување членови на Управниот одбор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ и за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр. 198/1 и 194 КО Косел.
|