Синоќа во катедралната црква Св. Софија во Охрид се одржа свечена академија по повод одбележувањето на 1000 годишниот јубилеј од формирањето на Охридската Архиепископија. На свеченоста покрај највисоки претставници на Македонската Православна Црква присуствуваа и се обратија и претседателот на државата, г- н Ѓорге Иванов, претседателот на Владата, Зоран Заев ,министри и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од земјава.
Поглаварот на МПЦ,г. г Стефан истакна дека синоќешниот настан со кој се слави еден милениум од формирањето на Охридската Архиепископија ја потврдува вековната вистина врз која се потпираат минатото, сегашноста и иднината на Македонија.
- - Историјата на Охридската Архиепископија е историја на духовна независност и сувереност на нашата земја, која за жал се уште се негира- подвлече г.г. Стефан, посочувајќи дека Македонија од јаболко на раздорот може да стане алка која ќе го обедини Балканот.
Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Тимотеј рече дека малубројни се црквите кои оставиле таква трага во историјата како Охридската Архиепископија.
- -Возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ пред 51 година, е уште еден историски чин кој го потврдува и оправдува нејзиното постоење- рече Тимотеј
Борбата за рамноправност на МПЦ – Охридска Архиепископија е идентична на таа на македонската држава истакна во сворто обраќање премиерот Зоран Заев.
На свеченоста се обрати и претседателот на државата Иванов кој истакна дека црквата покрај историска има голема општествена улога, а за да ја исполни треба да црпи од традицијата на Охридската Архиепископија.
Чествувањата на јубилејот продолжуваат денес со црковни свечености.
|