Во организација на Секторот за туризам и локален економски развој, денеска се одржа јавна расправа со претставници на туристички агенции, хотели, туристички водичи и придружници.Тема на јавната расправа, на која присуствуваа градоначалникот Јован Стојаноски и советникот за туристичка дејност во Министерството за економија Шофкет Хазари, беа предложените измени и дополнување на законите за туристичка дејност, за угостителска дејност и за такса за привремен престој, како и за мерките за подобрување на состојбите во туристичкиот сектор.За истите теми се разговараше и на посебна средба со физичките лица кои вршат угостителска дејност-приватно сместување.
На јавните расправи, беа дадени повеќе предлози за подобрување на предложените законски измени, кои во вид на заклучоци, преку претставникот на Локалната самоуправа во надлежната комисија, ќе бидат доставени до Министерството за економија.Според учесниците во јавните расправи, измените и дополнувањата на законите од областа на туризмот и угостителството треба да бидат во функција на натамошен развој на оваа важна стопанска дејност.
|