Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СТИХОВИ И ЗВУЦИ ЗА ПРЛИЧЕВ ВО НЕГОВАТА СПОМЕН КУЌА
Untitled Document

Денес “Прличевите беседи“ продолжија со културно – уметничка програма во спомен куќата на лавороносецот, а беседа за Прличев одржа проф. д-р Виолета Пирузе-Тасевска. Пред присутните се обрати градоначалникот Јован Стојаноски,кој најнапред упати честитки на годинашиот добитник на наградата за најдобра поема, Гордана Стојаноска, посакувајќи и безмерна енергија и неисцрпна инспирација во создавањето на нови литературни творби.

- Шест децениското институционално чествување на македонскиот литературен великан, народен трибун и преродбеник, Григор Прличев, годинава е збогатено со уште една поема со која се продолжува традицијата на Прличевата “Сердарот“. И погледнете каква симболика. Ако Прличев преку “Сердарот“ ни ги остави во наследство нескршливиот слободарски дух, витешката борба и високите етички принципи, годинашниот лауреат ни ги дава “Клучевите“ кои нам како генерација и тоа како ни требаат за да можеме да ги отвориме вратите на иднината, како што впрочем тоа за нас го сторил Прличев. Та затоа, наградата, дефинитивно е достоинствен и високовреднуван дел од современата македонска книжевност –истакна Стојаноски.

Свеченоста беше збогатена со настапот на хоровите од ОУ “Григор Прличев“ и ОСУ “Свети Климент Охридски“ и ансамблот “Климе Садило“. Ученичките Анастасија Стојаноска и Миа Грозданоска добија пофалници од градоначалникот Јован Стојаноски, за најдобри литератуни творби на конкурсот од ОУ “Григор Прличев“. Во продолжение на денешното одбележување на 125 годишнината од смртта на Григор Прличев во ационалната установа што го носи името на поетот, беше промовирана книгата “Сага за Охрид“ од  новинарката Валентина Неловска.

Претходно, делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Јован Стојаноски и претставници на институциите кои го носат неговото име, положија свежо цвеќе на гробот и пред бистите на поетот. Свеченостите се заокружуваат вечерва со академија на ОУ “Григор Прличев“.

 

Прочитано:  1538  пати
Објавено на: 06.02.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©