И оваа година македонските винарски визби, млекарници и индивидуални производители на сирење ја продолжуваат традицијата на одржување на „Фестивалот на вино и сирење“ каде взаемно ќе бидат споделени вкусовите на домашните вина и сирења.
На Фестивалот кој ќе трае два дена, односно 11-ти и 12-ти август учество ќе земат 12 излагачи, кои своите производи ќе ги излагаат од 20 часот.
Во рамки на дводневната манифестација, покрај можноста да вкусат добро вино и сирење, истовремено ќе може да уживаат во културно – уметничката програма.
ПРОГРАМА ФЕСТИВАЛ ВИНО И СИРЕЊЕ
11-12 АВГУСТ, 2017 ОХРИД,
мал плоштад Крушевска Република
Прв ден (11.08.2017)
17:00 часот Поставување на штандовите и распоред на учесниците
20:00 часот Свечено отворање и поздравен говор
20:15 часот Презентација и дегустација на производи
20:30 часот Свечено отварање на интернационалниот фолклорен фестивал “Македонско Сонце“
Втор ден ( 12.08.2017)
17:00 часот Поставување на штандовите
20:00 – 22:30 часот Презентација и дегустација на производи збогатена со културно уметничка програма - Интернационален фолклорен фестивал „Македонско сонце“.
Извор: www.ohrid.gov.mk |