Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ ЗА БОЖИЌ
Untitled Document

ЈП Билјанини Извори по повод големиот христијански празник Божиќ донесе одлука на ден 07. 01. 2018 година ( недела ) користењето на услугите на јавниот градски простор со кој стопанисува да биде бесплатно за сите нејзини корисници.

Одлуката ја носиме во духот на големиот христијански празник и се надеваме дека со овој наш скромен гест ќе се приклучиме кон промовирањето на христијанските вредности како дел од славењето на самиот празник.

ЈП Билјанини Извори им посакува на сите граѓани на Охрид, Република Македонија и на сите наши иселеници од православна вероисповед добро здравје, успех во работата и благосостојба.

Нека ни е честит големиот христијански празник ! ХРИСТОС СЕ РОДИ

Прочитано:  1398  пати
Објавено на: 04.01.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©