![](pictures/08_06_2018_EVROPSKA_MREZA_EZERA_4.jpg)
Општина Охрид активно учествуваше во работата на петтиот глобален состанок на официјалните делегации на Европската мрежа на езера, како и деветтото издание на Фестивалот на езерата.
![](pictures/08_06_2018_EVROPSKA_MREZA_EZERA_1.jpg)
Антонио Балески од Секторот за туризам и локален економски развој имаше своја презентација на работната средба на партнерите од Европскиот конзорциум, која се однесуваше на реализацијата на продолжителните активности од Проектот Laktive Tourism одржани во Охрид (7-11 Мај 2018 ). Тој предложи аплицирање за втора фаза од европскиот партнерски проект за продолжување на туристичката сезона и посочи конкретни можности за заедничко аплицирање со предлог проекти од различни Програми на Европската Унија.
![](pictures/08_06_2018_EVROPSKA_MREZA_EZERA_2.jpg)
Европската мрежа на езера има своја мисија која се однесува на валоризација на европските езера од различни аспекти: туристички, економски, културен, социјален и еколошки, соработка, размена на искуства и зближување на луѓето од европските држави. Оваа Европска асоцијација е од отворен карактер и на петтиот глобален состанок ги претстави своите нови членки – езера од Унгарија, Грција, Франција и Португалија.
Во периодот од 2-5 Јуни 2018 во Исео, Италија се одржаа бројни културни, музички , спортски и промотивни настани на кои присуствуваа голем број на жители од Ломбардија и туристи од различни европски држави. ![](pictures/08_06_2018_EVROPSKA_MREZA_EZERA_3.jpg)
|