ОХРИД ДОМАЌИН НА ГОЛЕМ СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВЕН НАСТАН „ЖОГАРИЈА-ЛОПТАРИЈА“
Untitled Document
На 9-ти мај во организација на Медиа спорт од Словенија, а под покровителство на Општина Охрид, градов ќе биде домаќин на голема детска спортско- рекреативна манифестација „Жогарија- Лоптарија“ што ќе се одржи кај Скеј паркот после мостот со почеток во 10 часот.
На настанот учество ќе земат 160 деца од осумте основни училишта од општина Охрид и од детската градинка „Јасна Ристеска“. Тие ќе се натпреваруваат во неколку игри, „Три на три“, фудбал, игра на вештини и квиз на знаење.
Овој спортско рекреативен настан којшто има традиционален карактер годинава ќе се одржи во осум држави: Македонија, Словенија, Црна Гора, Италија, Австрија, Унгарија, Хрватска и Србија.