Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид, дека на ден 11.09.2018 год. и 12.09.2018 год. (вторник и среда) екипите на Центарот за јавно здравје Охрид, ќе спроведат теристичка (од земја ) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 21 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид и по текот на Грашница и Коселска река.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да преземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови(ветар, дожд), дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 231 881 и 230 231. |