Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ИПАРД ПРОГРАМА 2014-2020
Untitled Document

Врз основа на објавениот  јавен повик 1/2017 за доставување на барања за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата) кој е објавен  на 24.04.2017   на интернет страниците на Секторот за управување на ИПАРД и Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој, Секторот за ТЛЕР при Општина Охрид организира едукативнo информативна работилница со цел  заинтересираните страни и пошироката јавност да се запознаат со можностите кои ги нудат новите измени на ИПАРД Програмата 2014-2020 и начинот на користење на средства од програмата.

Се известуваат сите заинтересирани граѓаните, земјоделците, приватни сопственици, хотелиери  дека  едукативно информативната работилница  за ИПАРД  ќе се одржи на 10.05.2017 год во Големата Сала на Општина Охрид со почеток во 19.00 часот.
Присутните ќе се запознаат со новите мерки, упатства за корисници, висина на финансиска подршка ИПАРД Програма 2014-2020

Од посебен интерес и значење е на состанокот да присуствуваат претседателите на месните заедници од сите села во Општина Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1386  пати
Објавено на: 08.05.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©