Градоначалникот на Охрид, Д-р Јован Стојаноски, денеска во просториите на Територијалната противпожарна единица од Охрид присуствуваше на доделување на специјализирана опрема, заштитни шлемови, одела и чизми за охридските пожарникари.
Станува збор за донација на Противпожарната единица „Doetinchem“ од Холандија и Црвен крст од Охрид како дел од активностите насочени кон меѓународна соработка со институции и организации со сродни дејности.
Територијалната противпожарната единица од Охрид, вчера во присуство на градоначалникот д-р Стојаноски, на подарок доби и 10 ќебиња и 10 душеци од социјалното друштво „Св. Наум – Охридски“ од Мелбурн- Австралија.
Донацијата битно допринесува во подобрување на условите за пасивен престој во нормални услови на охридските пожарникари кои досега користеа ќебиња и душеци постари од 30 години. |